1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Акциите паѓаат, банкарите бараат Грција да ја напушти еврозоната

Неделата на европските берзи не започна розово. Курсот на заедничката европска валута, пак, придонесува довербата во еврото полека да бледее.

default

За првпат по две години, по времето на големата финансиска криза, најважниот германски индекс на акции - ДАКС, падна под 5 илјади поени. Курсeвите на акции паднаа и на другите европски берзи. Многумина аналитичари сега бараат да се прекине неизвесноста и да се преземат решавачки чекори во проблемот со грчката должничка криза.

„Грција треба да ја напушти еврозоната, за проблемите да си ги реши со девалвација. Имавме доволно половични решенија; значи ако нешто се прави, тогаш барем вистински, а тоа значи Грција треба да ја напушти еврозоната“, вели Роберт Халфер од Баадер банк.

Symbolbild Portugal Euro

Со него е согласен и Франсоа Шоле, од Инвестмент-фондот Монсеги финанс. „Од пред некое време лебдиме и чекаме на решение како може да биде запрено крварењето на Грција. Се’ додека немаме издржано решение, пазарите ќе се ориентираат кон најлошото - слом на еврозоната“.

Последиците од грчката криза посебно тешко ги погодуваат француските банки. Курсот на нивните акции со недели е во постојан пад. Само во текот на вчерашното претпладне падот достигна до 12 проценти. Рејтинг-агенцијата Мудис се закани со намалување на рејтингот за кредитоспособноста на државата, оти француските банки поседуваат многу грчки државни обврзници. Во меѓувреме големата француска банка Сосиете женерал најави драстични мерки, со кои до 2014 година сака да заштеди 4 милијарди евра.

Автор: Соња Шок/ Зоран Јордановски 

Редактор: Александра Трајковска