1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Актисари го претсави предлогот, кои се првите реакции во Приштина?

Специјалниот пресатвник на ОН Марти Ахтисари на Белград и Приштина им го претстави планот за конечниот статус на Косово во кој нема збор незавиосност, ниту зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија врз покраината.

Плакат во Приштина

Плакат во Приштина

Пакетот е резултат на компромис и едногодишните преговори изјави синоќа Ахтисари во Приштина: "Целта на предлогот за решението е да ги постави основите за стабилна иднина на Косово во кое Aлбанците Србите и другите заедници ќе живеат мирно. Тоа ќе донесе стабилност во регионот. Ќе се формираат повеќе нови општини со српско мнозинство кои ќе имаат дополнителни овластувања во образованието, здравството. Повеќето од 40 српски верски и културни објекти ќе бидат заштитени зони. Малцинствата ќе го имаат правото и на двотретинско мнозинство при гласање за прашања кои се од витално значење за нив“ рече Ахтисари

Приштинската влада по вчерашната вонредна седница оцени дека предлогот е добар за граѓаните на Косово и основа за независност. Ист е ставот и на партиите од опозицијата. Лидерот на Демократскиот сојуз Хашим Тачи денеска со предлогот патува во Скопје на средба со македонските власти.