1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Актерка во антиисламскиот филм поднесе тужба

Една од актерките во антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“ поднесе тужба во САД. Синди Ли Гарсија пред судот во Лос Анџелес наведе дека била излажана околу намерите што биле поврзани со филмот.

Тужбата на Синди Ли Гарсија е насочена против Накула Баселеј Накула, коптски христијанин по потекло од Египет, кој живее во близина на Лос Анџелес и важи за продуцент на филмот. Освен тоа, таа од Гугл бара да го отстрани филмот од платформата Јутјуб. Според Гарсија, Накула ја измамил со тоа што и‘ рекол дека ќе учествува во филм за древен Египет, но на крајот, таа снимала сосем различен филм и сега „животот и‘ е во опасност“. Поради филмот во муслиманскиот свет со денови има протести и крвави безредија.

Frankreich Paris Charlie Hebdo OHNE KARIKATUR

Сатиричниот магазин „Шарли Хебдо“ пак предизвика реакции

Франција со затворени амбасади

Француската влада презеде голем број безбедносни мерки поради објавувањето карикатури за Мухамед во еден француски сатиричен магазин. Владата во Париз најави дека денеска (20.09) ќе останат затворени амбасадите, конзулатите и училиштата во околу 20 земји во светот. Властите стравуваат дека по петочните молитви би можело да дојде до тешки безредија. Магазинот „Шарли Хебдо“ вчера објави серија карикатури, а на дел од нив Мухамед е прикажан гол. Париското министерство за надворешни работи соопшти дека „не е интелигентно да се долева масло на огнот“ во овој момент.