1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

"Ако ти требам" во финалето за "Берлин денес", но без одличје!

Проектот на Дарија Андовска и Младен Џукик, иако исклучително професионално и инвентивно одработен остана без пеперутката од мраз, одличјето на "Берлин денес"

Добри шанси Андовска и Џукик да се најдат во главната програма на еден од наредните фестивали!

Добри шанси Андовска и Џукик да се најдат во главната програма на еден од наредните фестивали!

Синоќа во Куќата на културите на светот, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер ja отвори секцијата Tалент кампус na 56-тотот Berlinale, на којa беше доделена и наградата Берлин денес. Mеѓу тројцата финалисти се наоѓаше и филмот „Ако ти требам“ на Дарија Анадовска и Младен Џукиќ.

Иako „Ако ти требам„ не го доби одличјето на Берлин денес - пеперутката од мраз која барем половина час, додека не се стопи и припаѓаше на Ана Азеведо од Бразил за филмот „Берлинска топка„, во кој темата е фудбалот Дарија Андовска и Младен Џукиќ, се несомнено победници. Ова го потврдува фактот што филмотt се најде меѓу трите финалисти и чие снимање беше финансиранo од страна на германските спонзори на сесијата Талент кампус на Берлиналето. Андовска која инаку по вокација е композитор за спојката мегу музиката и режијата вели дека отсекогаш била насочена кон мултимедијалноста и визуелните аспекти. Соработката со Младен Џукик и овозможи да се реализира на ова поле. Toj ja охрабрил да се втурне во новото, во режисерската работа и да не биде врзана исклучиво за музиката.

"Ако ти требам" е креативна, професионално обработена и весела приказна . Андовска кажува дека станува збор за полуанимиран филм, сниман минатиот септември во Берлин. Идејата зреела подолго време, но сценариото и инспирацијата се создадени за една нок.Во месеците што следувале филмот бил доработен. Музиката која е неделив дел од целиот проект е на Дарија Андовска и му ја дава целата динамика на филмот. По учеството во финалето на "Берлин денес",Дарија Андовска и Младен Џукиќ планираат и во иднина заеднички да работат и тоа на посериозни проекти.