1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ако сака, Иран ќе направи атомска бомба

Главниот ирански преговарач во атомскиот спор Али Лариџани, побара нови начини за совладување на проблемот. Со повторниот почеток на збогатувањето на ураниум се создаде нова ситуација, изјави Лариџани во интервју за амеркианската телевизиска мрежа СИБИЕС, одбивајќи притоа запирање на тој процес.

Без оглед на цената до сопствена бомба: ирански тест на ракети

Без оглед на цената до сопствена бомба: ирански тест на ракети

Инаку, денеска во Париз ќе се одржи неформална средба на претставниците на петте земји со право на вето во Советот за безбедност и Германија. Тие треба да ја подготват министерската средба предвидена за 9 мај во Њујорк. Во секој случај спорот со Иран влезе во нова фаза:

Никакви играрии повеќе. Иран сака бомба и во тоа мора да биде спречен. Ова во саботата го повтори американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс:

„Меѓунароната заедница е единствена: Иран со атомско оружје во непресметлив регион светот не сака и тоа нема да го толерира„.

Меѓутоа, што се знае вистински за атомската програма? Премалку, вели Тед Карпентер, експерт за одбрана и надворешна политика на инситутот Като во Вашингтон:

„Според најдобрите проценки на нашите тајни служби, Иран денес е 5 до 10 години оддалечен од изградба на сопствена атомска бомба. Јас мислам, поблиску се петте од десетте, меѓутоа може да се претпостави дека тоа може да успее и за 3 до 4 години. Сето тоа пак значи дека не постои итен рок. Имаме доволно време да ги одмериме сите политички можности„.

Една од американските опции, дури и да нема конкретни докази, е уништување на атомските постројки со прецизни воздушни напади. Меѓутоа, експертот за безбедносна стратегија Мајкл О’Хенлон смета дека тоа не е добра алтернатива:

„Атомскиот рекатор во Бушер лесно можеме да го уништиме. Се уште не е во погон и таму нема опасен материјал. Иран не може да не спречи да нападнеме и секогаш можеме да го уништиме овој извор за прозиводство на плутониум, што е голема предност за нас. Меѓутоа, дилемата за жал, гласи: што е со подземното збогатување ураниум што доведе до непотребната дебата за тоа дали не треба да нападнеме со атомско оружје. Причина е што се знае дека до тие постројки не можеме да стигнеме со конвенционално оружје. Заклучокот е дека можеме да го забавиме процесот, но само за неколку години„.

Експертите во едно се единствени: поради различните инетереси на земјите со право на вето, Советот за безбeдност тешко ќе го одврати Иран од намерата да стане атомска сила. О’Хенлон смета дека Иран во секој случај ќе ја направи бомбата:

„Дури и да се договори бојкот, дури и ако се запре извозот на нафта, прашањето е дали Иран ќе се откаже од 40 милијради долари приход во полза на бомбата. Ако Иран сака бомба, тогаш и ќе ја направи„.