1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ако не одиш на избори, немаш право да негодуваш за резултатот

Бојкотот е балканска навика за која не може да се каже дека е успешна политичка тактика, порача во Скопје Николаус Гроф Ламбсдорф, политички директор за Југоисточна Европа и Турција во германското МНР.

default

Николаус Грoф Ламбсдорф

Германија, како и САД, е загрижена за развојот на демократските процеси во Македонија. Во посета на Скопје е Николаус Гроф Ламбсдорф, политички директор за Југоисточна Европа и Турција во германското министерството за надворешни работи. Гостинот од Берлин имаше средби со државниот врв и со претставници на опозицијата. Во екслузивниот разговор за Дојче Веле, амбасадорот Ламбсдорф откри дека во фокусот на неговиот интерес е состојбата во македонските медиуми.

„Секако дека сме загрижени за развојот на демократските процеси, не само тука во Македонија, туку и во останатите земји од регионот. Јасно е колку е важна улогата на политички независното судство, како и на слободните медиуми. Но состојбата во Македонија не е уникатна и други земји имаат дури и поголеми проблеми во оваа сфера“, нагласува Ламбсдорф.

Ламбсдорф не очекува етнички или социјални тензии

Високиот функционер од германското министерство за надворешни работи е уверен дека Македонија се‘ уште има шанса да покаже дека е успешен модел на соживот

Auswärtiges Amt

Мнозинството е обврзано да ги заштити правата на малцинството, а тоа пак, мора да учествува во политичките процеси, вели Ламбсдорф од германското МНР

и дека Охридскиот договор и натаму е база за меѓуетничките односи во земјата. Тој не очекува тензии предизвикани од етнички или социјални мотиви, дури и не смета дека земјата е во сериозна политичка криза.

„Напуштањето на парламентот е се чини балканска традиција или навика која ние не ја практикуваме, но не сум убеден дека станува збор за многу успешна политичка стратегија или тактика. Но, бојкот на изборите би значел нешто многу сериозно кое ние не би сакале да го видиме. Мнозинството е обврзано да ги заштити правата на малцинството, а тоа пак, од друга страна, мора да учествува во политичките процеси. Најпосле, ако не партицирате на изборите, немате право да негодувате за изборните резултати“, изјави Ламбсдроф за Дојче веле.

Сите земји од регионот имаат европска перспектива и ќе станат членки на Европската унија кога ќе ги исполнат неопходните услови за тоа. Јасно е дека во тој процес некои земји ќе бидат побрзи, а други побавни, вели германскиот дипломат. Ламбсдорф нагласува дека Балканот и натаму останува во фокусот на германската надворешна политика.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска