1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ако нема дома, има во странство!

Се‘ поголем број македонски граѓани во текот на летните месеци заминуваат на времена работа во странство, зашто платата таму е повисока. Во синдикатот предупредуваат дека голем број работат на црно.

default

Во потрага по заработувачка

Скопјанецот Мики десетта година по ред без исклучок летните месеци ги минува на грчкиот остров Иос. Таму работи како туристички работник. Пречекува туристи, ги сместува, го одржува кампот, се грижи за гостите. За пет месеци заработува колку што во Македонија не би можел да заработи ниту за две години. Неговата животна приказна станува популарна. Од година во година бројот на сезонски работници расте. Македонија станува се‘ поголема извозничка на работна сила и тоа не само квантитативно. Се‘ поголем е бројот на профили и струки кои Македонија нештедливо им ги нуди на земјите од регионот.

“Така ќе биде се‘ додека нашата просечна плата е пониска“, објаснува Дарко Велков од портал агенцијата “Вработување.ком“

Најбројни градежниците

Кога станува збор за сезонските работници, најголем е бројот на градежници. Ги има во Албанија, Хрватска, Црна Гора.

Точна бројка нема никој. Ниту синдикатот, ниту државата.

“Минатата година имаше 20 до 30 илјади работници само во Црна Гора. Македонија има поднесено иницијатива до владата на Црна Гора за потпишување на спогодба за прифаќање на работниците од Македонија која за жал се‘уште не е потпишана“, изјави за Дојче веле Павел Трендафилов од ССМ.

Bauarbeiter Konjunktur p178

Според него, проблем е што голем број македонските граѓани работат на црно. Агенциите не носат градежен кадар, туку неквалификувани лица кои не одговараат на профилот, вели претседателот на Синдикот за градежништво. Во Министерството за труд не добивме одговор што преземаат надлежните за да се справат со овој проблем. Македонија има потпишано спогодби за сезонски вработувања со Германија и со Словенија. Отпочнати се иницијативи за потпишување на такви договори со Катар и со Црна Гора. Според однапред утврдените квоти, договорени се 600 сезонски работници со Словенија и 570 со Германија. Сите права од социјалната сфера за сезонските работници се утврдуваат преку Договорите за социјално осигурување што Македонија ги има потпишано со голем број земји.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска