1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ако можат пушачите, можат и Американците!

Еврото кон небото, доларот кон дното. Вака најкусо може да се опише она што се случува во нивната релација. Многу факти зборуваат дека актуелната слабост на доларот нема бргу да се промени. Коментар на Ролф Венкел:

default

Многу долари за малку евра

Довербата во американскиот долар рапидно опаѓа. Тоа најјасно може да се види во менувачкиот однос со еврото. Времињата кога за 95 американски центи се добиваше дено евро, одмана се минато. Денес за едно евро се добиваат долар ипол. Тоа не е добро само за европските туристи кои заминуваат во САД или во земји каде што се купува за долари. Тоа е добро и за европската индустрија. Зашто традиционално, суровините, енергијата и полуфабрикатите се поврзани со американскиот долар. Значи, за Европјеците одлична програма за намалување на трошоците што им помага поволно да купуваат суровини и енергија и покрај зголемувањето на цените.

И покрај тоа, разбирливо, има гласови што предупредуваат пред силното евро и со него поврзаниот извоз. Зашто обратната страна на ефтиниот долар е во тоа што поскапуваат европските стоки и услуги. Рецесивните тенденции во САД, поврзани со скапото евро ќе го збават извозот во зоната на доларот и ќе остават траги врз економскиот растеж. Меѓутоа, ваквите опасности за европската и посебно за германската економија најчесто се претерани. Прво, затоа што најголемиот дел од надворешната трговија – околу две третини – Европејците ја вршат меѓу себе, значи таму каде што доларот не игра никаква улога. Ниту една петина од целиот извоз не оди за САД - од Германија само 8 проценти. Второ, извозниците што имаат клиенти во САД, не се глупави. Имаат доволно време да се обезбедат против слабиот долар. И трето, се повеќе фирми ги градат своите производни капцитети таму каде што се барани – значи и во зоните на доларот. Затоа слабиот долар не ги засега воопшто, напротив: Оној што произведува во доларските ревири, профитира од слабиот долар подеднакво како и американските извозници чии стоки и услуги, поради слабоста на водечката валута, се се’ поповолни.

Сепак, Американците немаат баш се што се бара на пазарот. Океј, оружје, авиони, софтвер. Меѓутоа, ниту компјутерската техника веќе не е само американски продукт, зашто се составува на Тајван или Кореја врз што се лепи американско лого. Што друго? Синџир хамбургери или кафетерии и чифт филмови од Холивуд.

Тоа не е ништо во споредба со огромната армада азиски контејнер- бродови кои дневно застануваат во американските пристаништа и ги преплавуваат поторшувачите со своите стоки. Најчесто се враќаат празни или со опаковка за следната испорака на нови стоки. Со други зборови: американскиот потрошувач живее на кредит, како и американската економија.

Оној што живее така мора да најде некого што ќе му позајми пари, а пари се даваат само со доверба дека ќе бидат вратени, плус камати. Таквата доверба рапидно опаѓа. Токму тоа ги соборува вредностите на американскиот долар на светските пазари и во тоа во наредниот период нема ништо да се промени, се додека Американците не преземат нешто против нивниот гигантски државен дефицит и во нивните економски постигнувања. За да се случи тоа, ќе мораат да се одвикнат постојано да живеат на кредит. Доста тешко е да се остават лошите навики, но зошто на Американците да им биде поразлично отколку на пушачите?

Ролф Венкел