1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ако конкурираш за работа без фотографија, имаш подобри шанси

Со анонимни поднесоци за кандидатури за работно место, жените и мигрантите имаат поголеми шанси, тврди студијата на службата за антидискриминација при германската влада. Во проектот учествуваа осум работодавачи.

Краток поглед врз фотографијата и податоците за кандидатите и веќе многу поднесоци за кандидатура за вработување се класифицираат како одбиени. Така на пример, полот, возраста, националната припадност можат да предизвикаат предрасуди. Поради оваа вообичаена пракса, многумина кандидати не успеваат да добијат вработување и тоа пред се’ жени, мигранти и лица со хендикеп.

Symbolbild Antidiskriminierungspolitik in Deutschland

Кристине Лидерс, раководител на службата за антидискриминација при германската влада

Затоа, до институциите кои учествуваа во проектот, кандидатурите требаше да бидат доставени анонимно, барем во првата фаза, за кандидатите да добијат шанса, да ги уверат работодавачите во личен разговор. Оваа позиција, по спроведувањето на проектот за еднакви шанси при кандидатурата за вработување, ја застапува Кристине Лидерс, раководител на службата за антидискриминација при германската влада. Во службите кои учествуваат во проектот имаше 246 слободни места. Повеќето од 8.550 кандидати користеа стандардизиран формулар, во кој може да се внесат податоците за квалификациите. При класичните поднесоци за кандидатура за вработување беа одбегнати личните податоци.

Особено фотографијата во поднесокот за кадидирање честопати го одвлекува вниманието од суштинските способности на кандидатот, информира Лидерс.

„Доколку се надмине првата пречка, и кадидатот биде поканет на интервју, подобро може да ги истакне своите квалификации“, вели Лидерс.

Осум институции - претпријатија, државни служби и општини од ноември 2010-та до крајот на 2011-та година учествуваа во проектот. Кон нив се вбројуваат Германски пошти, Германски телеком, козметичката фирма Лореал, германското Министерство за семејство и градската управа на Целе.

Symbolbild Abgelehnt

Повеќето одлуки се донесуваат во првите секунди

Резултатите од проектот не се репрезентативни. За тоа недостасува директна споредба - колку кандидати биле успешни при анонимни кандидатури, кои би биле одбиени при вообичаени кандидатури. Освен ова, претпријатијата кои учествуваа во проектот веќе се карактеризираат со нивниот позитивен однос за еднакви шанси. Улф Рине од Институтот за Иднина на работењето, кој беше вклучен во проектот, сепак позитивно го оценува резултатот од него. „Ако веќе кај овие претпријатија може да се види мал позитивен ефект, тогаш може да се претпостави дека во една репрезентативна студија резултатот би бил уште подобар“, вели Рине за ДВ.

Претпријатијата профитираат од еднаквите шанси

Проектот беше поттикнат од студија на универзитетот во Констанц за дискриминацијата на германскиот пазар на трудот, подвлекува Рине. Според оваа студија, кандидатите со турски имиња имаат за 14 проценти помали шанси да бидат поканети на интервју. Улф Рине нагласува, дека анонимизираните кандидатури им донесле предност и на претпријатијата. Се работи за тоа да се одбегнат погрешни одлуки. Според проценките на консалтинг фирмата Роланд Бергер, поради тоа годишно стопанството трпи штети во милијарди.

Manieren in der deutschen Arbeitswelt Flash-Galerie Vorstellungsgespräch

Личниот разговор има тежина

Меѓутоа, иако Улф Рине смета дека пилот проектот е успешен, анонимните кандидатури се само дел од стратегијата. Имено, клишеата и предрасудите исто така доаѓаат до израз и при личните контакти со кандидати. И за жал, и тогаш кога долгогодишните вработени не напредуваат во кариерата, оти поради староста, полот или националната припадност им веруваат помалку отколку на другите.

САД како пример

Анонимните кандидатури во Германија не се пракса. Подолго време постојат во САД, Шведска и Франција. Пред се’ во САД советниците за напредување во кариерата советуваат колку што е можно помалку лични детали во кандидатурите. Податоци за потеклото, децата или хоби активности само го одвлекуваат вниманието. Во официјалните поднесоци за кандидатури таму не се доставува фотографија.

Иако предностите се очигледни, законско регулирање за анонимните поднесоци за кандидатури за вработување во Германија нема да има. Службата за антидискриминација полага на сензибилизирање и самоодговорност на фирмите.

Поделени мислења меѓу учесниците во проектот

Фирмите кои учествуваат во проектот имаат поделени ставови. Козметичкиот концерн Лореал доаѓа до заклучок дека семинарите кои веќе со години се спроведуваат веќе покажуваат резултати. 40 проценти жени на раководни места и соработници од 40 различни нации зборуваат за успехот на досегашната пракса при вработувањето. Лореал оттука не гледа простор за промени.

Symbolbild Bewerbung

Поднесок за кандидатура за вработување без фотографија

Хусам Азрак од Германски телеком смета дека кандидатите имаат значителна предност при анонимното аплицирање: „На овој начин охрабрени се и оние кои се кфалификувани, но досега се плашеле да се пријават во големиот концерн Телеком“. За неговата фирма меѓутоа ваквата постапка има повеќе негативни страни: „Затоа што ние во Телеком свесно полагаме на тоа да имаме различни профили: тоа значи повеќе жени на раководни функции, мешани тимови од млади и стари, Германци и мигранти и многи други работи“. Она што на друго место би се сметало за кочница за напредок во кариерата, кај Телеком значи предност.

Фабрис Шмит, раководител во фирмата за испраќање подароци „Мајдејс“, напротив, признава дека некои кандидати биле селектирани на прв поглед по фотографијата. Предноста за неговата фирма ја гледа во тоа што со учеството во проектот била поттикната дискусија. Значи проверка дали навистина се толку отворени колку што мислеле.