1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Азиската тројка ја предупредува Северна Кореја

Во Пекинг започна петиот трилатерален самит меѓу Кина, Јапонија и Јужна Кореја. На дводневните разговори во преден план се економски теми, но и односот кон атомските тестови на Северна Кореја.

Кинескиот премиер Вен Џијабао, јапонскиот премиер Јошихико Нода и претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг-бак имаат обединет политички став во однос на Северна Кореја. „Нашите три земји се на став дека нема да акцептираме натамошни нуклеарни тестови или други провокации од страна на Северна Кореја“, изјавил Ли, според медиумите на самитот во главниот кинески град Пекинг.

Изминатата недела се појавија знаци кои укажуваат на планови на Северна Кореја за нов атомски тест, по неодамнешниот неуспех со ракетата која официјално требаше да лансира сателит. Ракетата имено се урна на 13 април, кратко по лансирањето. САД, Јапонија и Јужна Кореја во ова видоа скриен тест на ракета со долг дострел, со што се кршат резолуции на ОН.

Стремеж за договор за слободна трговија

Ли, Вен и Нода исто така договорија нови разговори за зона за слободна трговија меѓу нивните земји. Една ваква кооперација би ја забрзала економската динамика на регионот, уверен е кинескиот премиер Вен. Ли смета дека за оваа област е потребна „законска рамка“. Заедно Кина Јапонија и Јужна Кореја, според куповната моќ, се најголемата економска сила во светот пред Европската унија.