1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аеродромот во Најроби во пламен

Меѓународниот аеродром Џомо Кенијата, една од најважните воздушни крстосници во Источна Африка, е во пламен. Причината за пожарот не е позната, како ни дали има жртви.

На меѓународниот аеродром Џомо Канијата во Најроби денеска избувна пожар и тој ќе биде затворен до следна наредба на властите. Ќе бидат дозволени само вонредни слетувања, јавија локални медиуми. Пожарот избувнал во одделот за полетување и потоа ги зафатил одделот за меѓународни слетувања. Очевидци велат дека пожарот е огромен и дел од објектот на аеродромот е уништен. Пожарот е видлив од неколку километри растојание, јавија западни медиуми. Се‘уштенема никакви информации за евентуални жртви и за обемот на материјалната штета. Во меѓувреме, министерството за внатрешни работи преку Твитер јавува за напредок на напорите за гаснење на пожарот.