1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аеродромите во фокусот на бунтовниците

Борбите во Сирија се концентрираат на стратешки важните аеродроми. Министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле јасно подвлече дека одбива интервенција на НАТО.

Опозиционите активисти информираат за жестоки напади на бунтовниците врз воениот аеродром Тафтанас (на фотографијата горе). Тој е еден од последните бастиони на трупите на претседателот Башар ел-Асад во провинцијата Идлиб, која се граничи со Турција. Во борбите на страната на бунтовнциите учествуваат и стотици борци на исламистичкиот Ал Нусра-фронт и Ахрар ал Шам-бригадите.

Државаната новинска агенција САНА јави дека вооружените сили ги одбиле нападите и им нанесле тешки загуби на терористите, како што режимот ги нарекува бунтовниците. Овие податоци не може да се проверат од независни извори.

Во економската метрпола Алепо бунтовниците ги нападнаа војнциите кои го обезбедуваа аеродромот, затворен поради борбите.

Борби имаше и во главниот град Дамаск. Воздухопловните единици на режимот, според податоци на сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, го бомбардирале истокот на Алепо, како и градовите Мареа и Асас на границата со Турција.

Бензиска пумпа - цел на напад

Bombenanschlag auf Tankstelle Damaskus

Бомбашки напад врз бензиска пумпа во Дамаск

При напад врз бензиска пумпа во Дамаск, според опозицијата, вчера биле убиени најмалку единесет луѓе. Нападот во квартот Безирк Барех ал Балад, каде живеат различни групи меѓу нив и претставници на сунитското малцинство, бил извршен со автомобил бомба.

Во граѓанската војна во Сирија досега се убиени повеќе од 60.000 луѓе, проценуваат ОН. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во меѓувреме уште еднаш јасно стави до знаење дека одбива интервенција на НАТО во Сирија. „Стриктно се спротивставувам на шпекулациите за воена интервенција на НАТО“, рече Вестервеле за дневниот весник „Велт“.

Вестервеле истовремено нагласи дека падот на режимот на претседателот Башар ел-Асад напредува со „зголемена брзина“. „Тоа нам и пред се’ на луѓето таму ни дава надеж дека времето на Асад наскоро ќе биде минато и дека под водство на национална коалиција ќе се овозможи нов почеток“, рече германскиот министер за надворешни работи.