1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Адути на Македонија се виното и градинарството

Секоја од земјите од Југоисточна Европа, инаку членки на ЦЕФТА имаат специфики во земјоделството кои ветуваат добар бизнис и треба да ги искористат германските вложувачи. И Македонија има добар потенцијал за инвестиции.

default

Југоисточна Европа е регион кој е се’ поатрактивен за инвестициите во земјоделството. И тоа секоја од осумте членки на ЦЕФТА има свои специфичности кои би им се исплатиле на оние кои се подготвени да вложуваат. За ова тема вчера попладне, пред самиот старт на најголемиот светски саем за земјоделски производи и храна Зелената недела во Берлин, дискутираа претставници на германското стопанство и политичари од регионот.

„Сакаме да ги претставиме инвестиционите потенцијали кои со сите шанси и предизвици ги нудат земјоделството и прехрамбената индустрија од земјите од Југоисточна Европа. Сакаме да покажеме дека кога ќе се исполнат бараните предуслови, за прехрамбената индустрија од регионот се отвараат интересни перспективи на европскиот пазар”. Со овие зборови Франц Јозеф Флобаш, директор на ДЕГ - Германското здружение за инвестиции и развој, го отвори Форумот за инвестирање во Југоисточна Европа кој е напор на Германија да отвори нов циклус во инвестициите во аграрот.

Grüne Woche 2011 Flash-Galerie Biologische Landwirtschaft Biomarkt

Поради малите трошоци инвестирањето во раноградинарството во Македонија е исплатливо

„Важно е што станува збор за стабилен регион со долгорочни потенцијали. Видовме дека минатогодишниот пораст во аграрот беше подобар и од оној во многу западни земји. Интересно е што земјите од регионот имаат приод со своите земјоделски производи на пазарите во ЕУ, а во рамките на ЦЕФТА имаат слободни билатерални договори и чекорат нанапред”, рече во анализата за регионот Инге Гаерке од ГФА Консалтинг груп.Таа пооделно ги претстави специфичностите за секоја од земјите од регионот.

Виното и зеленчукот потенцијал на Македонија

„Гледаме потенцијали и во Република Македонија. Посебно во винскиот сектор и градинарските

Grüne Woche Berlin

Македонското - вино со добра традиција и во извозот!

производи. Во виното зашто има традиција и во производството и во извозот. Големи количества најчесто во цистерни стигнуваат и во Германија. Оваа традиција е поради добрите климатски предуслови и добрата организација на винарските визби така што тука може да се инвестира. Раноградинарските производи, пак, се интересни зашто трошоците се релативно ниски. Оранжериите не е потребно дополнително да се загреваат. Гледаме дека и инвеститорите од регионот како неодамна Агрокор доаѓаат во Македонија“.

Бобан Илиќ, генерален секретар на регионалната група за рурален развој во Југоисточна Европа со седиште во Скопје и единствен македонски претставник на Форумот дополни дека перспективен сектор за инвестиции е и сточарство. Таму може да се инвестира во овчарското производство, во преработките на млеко, што конечно и се случи на Македонија. Но, се’ уште постои потенцијал овие инвестиции да се зголемат.

„Природните ресурси и нивната еколошка експолатација, но и предиспозицијата на регионот за органско производство се значајни за привлекувањето на инвесторите”. Истакна и професор Рајнер Линднер, извршен директор на Комисијата за економски односи со источните земји забележувајќи дека не помалку важно ќе биде стручното обучување на менаџери за аграрот во регионот, но и погодностите што ќе ги обезбедат владите на земјите за домашните и странските вложувачи.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Симе Недевски