1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Адријан Настасе осуден на две години затвор за корупција

Касациониот суд на Романија го осуди денеска поранешниот романски премиер Адријан Настасе на две години затвор врз основа на обвинението за корупција. Одлуката на Судот не е конечна и Настасе може да поднесе жалба.

default

Адријан Настасе тврди дека е жртва на политиката

Настасе беше обвинет дека ја финансирал својата предизборна кампања на претседателските избори во 2004-та година со средства собрани во рамките на симпозиумот „Трофеј на квалитетот“, организиран од Државниот градежен инспекторат.

Романскиот Касационен суд донесе одлука да му бидат одземени некои од правата на Настасе во период од три години и да ми бидат конфискувани околу 40.000 леи (9.238 евра).

Поранешниот премиер беше обвинет минатата година, заедно со директорката на Државниот градежен инспекторат Ирина Жијану и други четири лица. Настасе е обвинет дека ја финансирал својата предизборна кампања со пари, добиени од компании кои учествувале на конкурост „Трофеј на квалитетот“, организиран од Државниот градежен инспекторат.

Парите биле дадени под форма на такса за учество во конкурсот. Средставата завршиле на сметка на компанија блиска до Настасе, која била партнер на Државниот градежен инспекторат во организирњето на конкурсот.

Настасе и неговите адвокати оценија дека процесот е политички мотивиран.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Б. Георгиевски