1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Адидас го купува Рибок

Адидас или Рибок? Ако некогаш досега сте ја имале оваа дилема, отсега таа е решена – во полза на двете. Најголемиот европски производител на спортски артикли, Адидас-Саломон го купува Рибок за 3,1 милијарда евра. Колку тоа ќе го донесе поблиску до, досега првиот во светот производител на спортска опрема, Најк, останува да се види. Но, акциите на Адидас веќе денеска добија 6% на својата вредност.

default

“Да се преземе Рибок е навистина шанса што се пружа само еднаш во животот“, рече денеска првиот човек на управниот одбор на Адидас, Херберт Хајнер. Од купувањето претпријатието очекува зголемен пораст на важниот американски пазар. Профитот сигурно ќе се зголеми двојно, убеден е Хајнер.

За купувањето сеуште своето треба да го кажат акционерите на Рибок и картелските власти во САД. Се треба да биде завршено во првата половина од наредната година. Трансакцијата ќе биде финансирана делумно од кредити, а делумно со сопствен капитал. И Адидас и Рибок остануваат одделни марки.

Шефот на Рибок, Пол Фајерман исто така останува на фунцијата, и вели дека Адидас е перфектен партнер.

Марката со три линии ја почнува својата приказна во 1920 година, кога тогаш дваесетгодишниот Адолф “Ади“ Даслер ги направи првите патики. Веќе осум години подоцна атлетичарите на Олимписките игри во Амстердам ги носат неговите патики. По Втората светска војна Даслер почнува да работи со 47 работници, а една година подоцна како заштитен знак на фирмата се пријавени трите линии. Од 60-тите години на минатиот век, фирмата почна освен патики да произведува и спортска облека. Со купувањето на Саломон, марка која е позната од опремата за зимски спортови, Адидас стана марка број два во светот.

Херберт Хајнер најавува дека Адидас има намера да ги остави зад себе сите конкуренти на наредното Светско фудбалско првенство, во 2006 година во Германија. Во фудбалскиот бизнис, впрочем, марката и онака е прва. Хајнер најавува:

“На пример, во декември ќе ја претставиме новата фудбалска топка. Од јануари 2006-та секој месец ќе вадиме нови производи на пазарот, така што, гледано од бизнис страната, за нас работата веќе завршила и пред да почне првенството.“