1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Адидас во Кина

Германската фирма за прозиводство на спортска опрема Адидас во Кина постигнува резултати поголеми од другото стопанство. Менаџерите на фирмата наскоро од киенскиот пазар ќе ја прокнижат првата милијарда, иако спортските производи во кинеските продавници се пониски отколку во Германија, а освен тоа се копирани од пирати.

Реклама на Адидас во Пекинг

Реклама на Адидас во Пекинг

Кинеското прашање што најголемиот дел од германските фирми не сакаат да го слушнат гласи: имате добивки – ако да, колку? За тоа колку не сака да зборува и претседателот на управниот одбор на Адидас Херберт Хајнер:

„Кина е наша профитабилна земја. Процентуално секоја година го удвојуваме приходот. Мислам дека во 2010 само во Кина ќе правиме промет од милијарда. Сега имаме 2 илјади продавници и бизнисот оди добро„.

Стартот на Адидас пред 13 години не беше едноставен: најнапред мораше да настапи со кински партнер во таканаречените џоинт-венчер фирми. Денес Адидас во Кина е самостојна филијала. Централата е во најголемата стоковна куќа во Шангај, Гангуи Гуаншанг. Само таму има три продавници: за деца, колекции за постари и најновата колекција. Таму работи Нинг Зиги:

„Најголемиот број девојки купуваат комплетна опрема. Момчињата ги интересираат патиките за кошарка. Луѓето околу 25 сакаат патики за трчање. Имаме малку производи специјално за кинескиот пазар„.

Иако цените се пониски отколку во Германија, само муштерии со поголеми приходи можат да си дозволат да ги купат производите на Адидас:

„Штотуку купив чанта. Адидас има добар квалитет и дизајн. Адидас, не е ли тоа американска марка„?

„Јас купувам за син ми. Тој ја сака оваа марка, но немам поим зошто. Мислам дека не е прескапо„.

„Јас не знам од каде е Адидас. Ми се допаѓаат материјалот и стилот, купив костум и чевли од Адидас. Ученичка сум, а парите ми се подарок„.

Адидас во Кина натаму ќе напредува, вели Херберт Хајнер. Во почетокот на годинава Адидас доби договор да ја опреми кинеската екипа за олимпијадата во 2008 година во Пекинг:

„Веќе сега водиме големи рекламни кампањи во кои на луѓето им велиме дека сме нивни партнери, дека му помагаме на Олимпсикиот комитет и дека помагаме олимписките игри да бидат одлични„.