1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Агим Чеку ненајавено во Скопје

Косовскиот премиер допатува во екот на партиските комбинаторики околу новата влада,дали една или двете албански партии во Македонија ќе влезат во идниот кабинет,не се знае

default

Косовскиот премиер Агим Чеку доцна синоќа ненајавено допатува во Скопје,во постизборниот период,во екот на изборните комбинаторики за состав на новата влада.Од аеродромот во Скопје им испрати порака на политичарите во Македонија-на мирен начин да ја договорат новата влада.Рече дека е само на пропатување и дека нема да има официјални средби.Беше затекнат од изјавите на неговите блиски пријатели од ДУИ дека во Македонија ќе има проблеми ако партијата на Ахмети не влезе во новата влада:

-Изненаден сум.Не знам што се случувало бидејќи бев на пат,но ги ограбрувам политичарите да придонесат за стабилноста на Македонија и да се однесуваат во согласност со демократските правила и да се обидат заеднички да фомираат влада,треба да ги почитуваат резултатите од изборите,како и волјата на граѓаните,изјави косовскиот премиер.Рече дека косовската влада не поддржува ниедна партија,туку ја поддржува Македонија и дека нејзините граѓани треба да одлучат кој ќе ја води владата.

Додека Чеку беше на аеродром,во Тетово заседаваше партискиот врв на ДУИ.Партијата не се откажува од место во владината коалиција,помош бара од меѓународниот фактор.

-Ние сметаме дека дијалогот,дека преговорите со ВМРО ДПМНЕ не се прекинати,тие продолжуваат,но ситуациите како оваа последнава можат да се решат доколку постои конструктивна волја кај клучните политички актери,доколку постои отвореност,и исто така со помош на меѓународниот фактор,изјави портпаролот на оваа партија Ермира Мехмети.

ВМРО ДПМНЕ денеска ќе одлучува дали ќе ги продолжи разговорите со ДУИ за формирање на парламентарно мнозинство,а со нивните ривали од ДПА вчера преговараше за конкретна поделба на министерските места.Во партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ на мандатарот Груевски предлозите на ДПА му ги донесе Мендух Тачи:

-Да не ги нарекувам нашите барања за поделба на министерски места.Се договаравме да не кажуваме детали,зашто се работи за влада од неколку коалициони партнери,кои исто така ќе ги кажуваат нивните барања.

Оптимистичките прогнози на ВМРО ДПМНЕ дека до Илинден ќе биде формирана новата македонска влада.