1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Агим Чеку денеска треба да биде избран за премиер на Косово

Влијателна личност на Косово, во која надежи полагаат како косовските политичари така и западните дипломати. Белград пак неговиот избор го смета за провокација

default

На Косово , досегашниот премиер на Косово , Бајрам Косуми важи како слаб политичар , кој нема борбено искуство и вистинска политичка подршка . Него сега ќе го наследи поранешниот командант на генералштабот на поранешната Ослободителна Војска на Косово , Агим Чеку.

За разлика од неговиот претходник , генералот не е добар говорник , но и покрај тоа албанските политичари вложуваат големи надежи во него. Претседателот Фатмир Сејдиу без двоимење му го додели мандатот за формирање на владата , откако коалицијата постигна согласност за неговата кандидатура:

„Одлучив , генералот Чеку да го номинирам за кандидат за претседател на новата влада. Тој ќе се советува со сите партии и очекувам дека ќе биде избран за премиер“

Чеку на внатрешен план најверојатно ќе има малку проблеми . Тој не мора никому да докажува , дека при преговорите со властите во Белград нема да се откаже од главната цел- независноста на Косово . Тој истотака би можел да постигне примирје меѓу некогашните соборци а сега големи политички ривали: Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

Иако Чеку за себе велеше дека нема политички амбиции , минатат недела тој се изјасни дека е подготвен да ја преземе премиерската функција :

„ За Косово и за мојот народ јас сум подготвен , и натаму да го давам својот прилог , овој пат во поинакви задачи. Во моментов јас сум само генералот Агим Чеку и немам други задачи . Дококлку некој меѓутоа смета дека треба да ја преземам функцијата премиер , јас ќе го направам тоа“

45 годишниот Чеку е роден во Пеќ , на западот од Косово . завршил средно воено училиште во Белград . Со 24 години тој веќе беше офицер во ЈНА , стациониран во Хрватска.

Кога во 1991 година се повеќе држави започнаа да ја признаваат независноста на Хрватска , Чеку ја напушти ЈНА и мина во редовите на новоформираната хрватска армија која се бореше за самостојност од централната власт во Белград . Тој учествуваше во неколку важни воени операции во Хрватска, како на пример „Молња„ и „Бура“ .

Во 1999 година тој се враќа на Косово , каде што веднаш станува командант на бунтовничката Ослободителна армија на Косово . По војната , привремената влада на Косово му ја додели титулата генерал . Меѓународната заедница потоа го прифати неговото именување за командант на Косовскиот заштитен Корупус , институцијата која официјално ги презема само задачите за цивилна заштита на населението , но Косоварите на неа гледаа како на идна армија на независно Косово.

Српската влада уште тогаш , го сметаше за провокација , бидејќи уште од почетокот на војната таа за енго распиша меѓународна потерница. Белград го сомничи Чеку дека е одговорен за убиството на 660 Срби на Косово . Официјален Белград сега смета дека ќе биде уште поголема провокација доколку Чеку биде избран за косовски премиер. Но и покрај ова претставникот на Косовските Срби, Оливер Ивановиќ изразизи подготвеност да соработува со Чеку.

Западните дипломати пак очекуваат дека Агим Чеку би можел да игра многу значајна улога за идниот статус на Косово .