1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Агенциите и туристите му вртат грб на Египет

По препораката на германското министерство за надворешни работи, германските туристички концерни повлекуваат рачна кочница. До 15 септември тие нема да нудат аранжмани во регионот. За Египет тоа е голем удар.

Туристички авиони се‘ уште полетуваат во правец на Египет, но тие сега, барем во едниот правец, се речиси празни. Зашто, германските туристички агенции ги исфрлија аранжманите за Египет од понудата по најновото разгорување на насилството во оваа земја. Најголемата европска туристичка компанија ТУИ соопшти дека ги откажала сите аранжмани за одмор и летување на германски туристи во Египет, до крајот на септември. Слична одлука донесе и втората најголема компанија, британската „Томас Кук“, која носи гости на туристички патувања и одмор во оваа арапска земја уште од втората половина на 19 век. Ваквото решение е донесено откако владата на Германија побара од своите државјани да не патуваат или да летуваат во оваа арапска земја, поради уличните судири меѓу приврзениците на сменетиот исламистички претседател Мохамед Мурси и египетските безбедносни сили и насилствата во кои има на стотици мртви и ранети.

Tourismus in Ägypten

Откажани речиси сите аранжмани за Египет

„За нас, туристичките организации, при носењето одлуки решавачко е укажувањето на Министерството за надворешни работи околу безбедноста“, објаснува за Дојче веле Матијас Брандес од „Томас Кук“. При предупредување за патување во одредена земја се врши веднаш укинување на понудата за таму, а гостите веднаш се повлекуваат, доколку оние кои се таму, не решат самите да останат до крајот на платеното летување, што во случајов го прават речиси сите“, истакнува Брандес.

Британската влада побара од околу 40 илјади Британци, кои сега се на летување во египетските одморалишта Шарм ел Шеик, Таба и Хургада, да останат до крајот на својот одмор, но да не ги напуштаат хотелите и хотелските комплекси. Сугестијата да не се излегува од летувалиштата доаѓа по убиството што се случи во Хургада, на брегот на Црвеното Море, пред два дена.

Владата во Москва побара од туристичките агенции веќе да не продаваат аранжмани за патување и одмор во Египет. Во оваа земја се‘ уште има околу 50 илјади руски туристи.

Shopping Center in Kairo, Ägypten

За Египет туризмот е важен извор на приходи

Франција и Италија, исто така, ги предупредија своите државјани да бидат максимално внимателни, а претставник на владата во Париз објасни дека внимателно се следи ситуацијата и безбедноста на Французите кои се на одмор во Египет. „Томас Кук“ ги откажа сите патувања низ Египет, па веќе не носи туристи во Каиро, делтата на Нил и Александрија, во Луксор и Асуан, како и на планината Мојсеј и во манастирот Света Катерина, на Синајскиот полуостров.

За Египет, пак, повлекувањето на туристите е економска катастрофа. Приходите од гостите сочинуваат дури 20 проценти од брутодомашниот производ на земјата. Годишниот обрт се проценува на околу десет милијарди долари. За споредба - од таксите за користење на Суецкиот канал годишно се добиваат само половината, односно околу 5,1 милијарда долари.