1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Авто-индустријата во Германија – мотор на развојот

Дали Фолксваген, Мерцедес или БМВ: автомобилите “Мејд ин Џермани“ остануваат барани во целиот свет. Сепак, германската автомобилска индустрија дома чека на и натаму на нов полет. По три години назадување и стагнација, сојузот на автомобилската индустрија за оваа година ги стави под прашалник очекуваните три насто плус.

Последната класична „буба„ беше проиизведена во Бразил

Последната класична „буба„ беше проиизведена во Бразил

Високиот курс на еврото и воздржаноста на Германците да купуваат го спречуваат трендот на промени. Единствено извозот спречува неуспех на браншата. Па, сепак таа останува гарант за порастот и вработувањето.

Волсквагеновата “буба“ како ниту еден друг автомобил останува симбол на германското економско чудо и пред се за успесите во целиот свет на германската автомобилска индустрија. Германската економија без нејзините фабрики за автомобили меѓу Минхен и Емден, меѓу Риселсхајм и Мозел би била незамислива. Кунибер Шмит, еден од шефовите на сојузот на германската автомобилска индустрија истакнува:

“Да, со тоа секако можам да се согласам. Германската автомобилска индустрија е клучната за нашата економија и без неа во минатите години ќе имавме негативен пораст. Во меѓувреме од извозот се остварени преку 80 милијарди евра, што е значителна поткрепа за германското стопанство“.

Споредено со прометот оваа бранша е број еден во Германија. На 770 илјади луѓе директно им обезбедува плата и леб и е на трето место во машинската и електроиндустријата. Уште милион и 400 илјади луѓе се вработени во таканаречените придружни бранши. Кон тоа и уште три милиони работни места кај трговците со автомобили, во работилниците за поправки и во секторот за услуги. Сето заедно повеќе од 5 милиони луѓе – или поинаку: секое седмо работно место во Германија директно или индиректно зависи од автомобилот. Една четвртина од германските инвестиции во индустријата отпаѓаат на авто-браншата, а со 14 милијарди вложува најмногу во науката и развојот. Резултат на тоа се преку 3 илјади патенти што е светски врв во автомобилската индустрија.

Со други зборови германската автомобилска индустрија не е само фактор на напредокот во земјата, туку е и мотор на извозот, на идеи и гарант за вработувањето.