1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Автомобили со авионски материјали

Карбонските влакна веќе подолго време се неодминлив дел на авио-техниката, но освојуваат се’ поголем простор и во автомобилската индустрија. Во Германија е отворена и прва постројка во светот за нивно рециклирање.

default

Модел за идно возило на БМВ со хибриден мотор

Главниот дел на постројката за рециклирање што чини пет милиони евра е специјалната печка за пиролиза. Прво двајца од вкупно 700-те работници во фабриката, што се наоѓа во градот Вишхафен во покраината Долна Саксонија, ги сортираат отпадоците во кои се содржат карбонски влакна, а потоа ги проследуваат во печката. Целта на целата постапка е карбонските влакна да се ослободат од смолата што ги поврзува во разни облици. Раководителот на постројката Оливер Грундман објаснува: „Тоа е т.н. постапка на пиролиза. Деловите што ги обработуваме се состојат половина од една пластична материја, од лепило, а другата половина се драгоцените карбонски влакна. Овие два дела се раздвојуваат при оваа постапка, така што лепилото испарува под влијание на високата температура, а она што останува се карбонските влакна.“

Од авионско крило до мобилен телефон

Autosalon Genf 2006 Teil 2 Bild 03 von 05

Студија на концернот Опел

Од другата страна на печката излегуваат сјајни карбонски влакна со сребрена боја. Потоа прочистениот материјал се ситни во склад со потребите на нарачателот, кому му служат како додаток при производството на новите продукти. Така делови од поранешно авионско крило можат повторно да се најдат во стабилното куќиште за некој мобилен телефон или пак да бидат вградени во делови од интериeрот на авионот. Со постапката на рециклирање се затвора кругот на користење на скапоцените карбонски влакна. „Се обидуваме да ги вратиме во употреба многу вредните влакна. Последните години тие се гореа во постројките за палење на отпадот, но тоа беше погрешно, бидејќи преку согорување овие влакна ни не можат да се разложат. Затоа создадовме иновативна постапка со која карбонските влакна можат да се вратат во приближно ист квалитет, каков што имаат новопроизведените.“

Обврска за рециклирање

Computergrafik des Boeing 787 Dreamliner

Новата постројка е особено важна за автомобилската индустрија, која се’ почесто посегнува по карбонските влакна. Дури сега, со создавањето на можноста за рециклирање, тие можат да влезат во употреба кај сериското производство на автомобили. Експертот Аксел Херман појаснува: „Во автомобилската индустрија подлежиме на законска обврска да ги рециклираме сите материјали што ги користиме во производниот процес. Сега имаме постројка што може да рециклира до 800 тони карбонски влакна годишно и со тоа овој материјал станува легитимно достапен за автомобилската индустрија.“

Ексклузивни модели

Moskauer Autosalon 2010

Без карбонските влакна не би било можно дизајнирањето на автомобилот на Фолскваген со потрошувачка од еден литар. БМВ пак веќе вградува карбонски влакна во покривите на неговите автомобили. Отпадоците што се рециклираат во постројката во Вишхафен потекнуваат претежно од авионската индустрија и тоа од фабриките на концернот Ербас во Германија и Шпанија. Таму карбонските влакна редовно се користат, иако нивната цена е многу голема. „Карбонските влакна се многу скап материјал. Моментално тој и се користи пред се’ во авионската индустрија. А кога станува збор за автомобилската, тогаш тој се вградува само кај најскапите возила. На пример, моделот Бугати Вејрон се произведува комплетно од карбонски влакна. БМВ ги вградува во покривите на некои модели. Проблемот е во високата цена.“

Затоа претприемачот Карл Мајер се надева дека со првата постројката за рециклирање на карбонски влакна во светот наскоро ќе има добра заработувачка.

Автор: Јерн Пичке/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска