1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Автомобилите остануваат во салоните во Европа

Пазарот на автомобили во Европа и натаму не се опоравува. Продажбата на автомобили во јуни е на најниското ниво од 1996 година.

Во јуни годинава во Европската унија беа продадени 1,13 милиони автомобили, 5,6 проценти помаку отколку претходниот месец, соопшти денеска (16.07.)европскиот Сојуз на производители ACEA. Со тоа бројот на новорегистрирани возила опадна на најниското ниво по 1996 година.

Велика Британија е единсвениот голем пазар кој успеа да се извлече од општиот тренд - таму дури е и значително зголемена продажбата за 13,4 проценти.

Пред се' во високозадолжените земји на континентот луѓето речиси не купуваат нови автомобили поради високата невработеност и лошите економски изгледи. Во првото полугодие од годинава автомобилските производители во ЕУ продале 6,6 проценти помалку нови автомобили. Вкупно од јануари до јуни беа продедени 6,2 милиони нови автомобили.

Шефот на БМВ очекува промена на трендот кон средината на 2014

Според проценката на шефот на БМВ Норберт Рајтхофер намалената продажба во Европа ќе трае уште извесен период. „Вкупно западноевропскиот пазар во тековнава година ќе опадне за околу 5 проценти“, вели Рајтхофер за весникот „Берзен-цајтунг“. Пред се' пазарите во Италија, Шпанија и Франција биле тешки, но исто и Германија повеќе не е исклучок. Според Рајнкхофер оваа ситуација нема да се промени до средината на идната година.