1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Автогол“ на САД со дебатата за џамијата?

Можеби би било наивно, кога би се очекувало нешто поинакво - пишуваат денеска германските весници околу разгорената дебата во САД за планираната изградба на џамија во близина на Граунд зиро во Њујорк.

default

По критиката од здруженијата на жртвите, американскиот претседател Барак Обама ги ревидираше изјавите околу изградбата на џамија во близина на Граунд зиро во Њујорк. „Франкфуртер рундшау“, жали за тоа.

„Токму поради тоа што демагозите со недели ја подгреваат старата траума од тероризмот, за несметано да поттикнат страв од муслиманите, би било време за јасни зборови од претседателот. Веќе одамна не станува збор само за Њујорк и за ’светото тло’ на Граунд зиро. Од Темекула во Клифорнија до Шебојган во Висконсин, муслиманските заедници се конфронтирани со протести, штом ќе сакаат да изградат џамија. Што прави Обама? Тој го брани правото на муслиманите за религиозна слобода. Но, дозволува и кај него да се видат задршките против џамија оддалечена само две улици од некогашниот Светски економски центар. Претседателот тактизира, не се определува. Но со тоа кукавички ги остава на цедило сите, кои залудно пружаат напори за дебата ослободена од предрасуди.“

Весникот „Бадише нојсте нахрихтен“ за дискусијата околу изградбата на џамијата пишува:

„Можеби би било наивно, кога би се очекувало нешто поинакво. Шокот од 11 септември длабоко се всади во колективната свест на Американците. Кај роднините на жртвите, раните се се’ уште свежи. Не е ни чудо што дебатата околу џамијата на Граунд зиро веднаш добива емоционални црти. Притоа не е точно дека наскоро ќе надвиснат високи минариња над Менхетн. Планиран е исламски центар, со библиотека, ресторан и простории за молитви. Тој треба да стане симбол на помирување, а не место за тирумфално ликување. Атентаторите околу Мохамед Ата, и ова колку да се нагласува, не е доволно често, не стојат зад исламот. Тие се повикаа на исламот, за религиозно да ги обременат злосторствата,“ подвлекува „Бадише нојсте нахрихтен“ од Карлсруе.

„Берлин цајтунг“ за дебатата оценува:

„Зад буката не се крие ништо друго освен нов американски страв. Страв од промени во еден свет, во кој САД енормно брзо го губат влијанието, страв од промени во американското општество, во кое белата раса ќе остане само уште како големо малцинство и невработеноста и социјалната беда ќе бидат на дофат во нивното опкружување. Парадоксот е: критичарите на Обама поради овој страв честопати попречуваат политика, која е достојна на новата реалност и со тоа си штетат себе си и на својата земја,“ пишува „Берлинер цајтунг“.

Автор: Дојчланд радио/ „Франкфуртер рундшау“/ „Бадише нојсте нахрихтен“ / „Берлинер цајтунг“

Превор: Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска