1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Автобус со македонски државјани излетал од патот кај Будимпешта

Во несреќата се повредени 28 патници, од нив осум имаат потешки повреди. Причините за несреќата не се познати.

default

Архивска снимка

Автобус полн со македонски државјани, во текот на ноќта, излетал од патот, во близина на унгарската престолнина Будимпешта. Во несреќата биле повредени 28 патници, од кои најголем дел се Македонци. Според информациите во македонските медиуми, осуммина од патниците се потешко повредени. Несреќата се случила на 50 километри пред Будимпешта, во близина на градот Гор. Автобусот сообраќал на релација Скопје-Прага. Засега нема информации за причините за несреќата.