1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Автобуска несреќа однесе 44 животи

Најмалку 44 лица загинаа во јужна Индија откако автобусот со кој патувале најпрво излетал од патот, а потоа се запалил. Меѓу жртвите има и деца, соопшти полицијата.

Пожарот избувнал откако автобусот удрил во банкина на патот меѓу Бангалор и Хајдерабад и потоа излетал, изјави портпаролот на полицијата.

Пет од 49 патници во автобусот, вклучувајќи го и возачот и хигиеничарот на превозното средство, успеале да го разбијат стаклото и да излезат пред да избувне огнот. Возачот и хигиеничарот се обиделе да побегнат, но полицијата ги привела на распит. Најголемиот дел од загинатите спиеле додека автобусот патувал кон Хајдерабад.

Роднините на жртвите се собраа пред канцелариите на автобуската компанија во Хајдерабад барајќи објаснување за несреќата од надлежните.

Најголемиот дел од жртвите биле изгорени до непрепознавање, а на телевизиските снимки се гледа целосно изгорениот автобус, до кој пожарникарите не успеале навремено да стигнат.

Поголемиот дел од патниците биле работници кои се упатиле кон родниот крај на прослава на хинду празникот Дивала, кој се одржува викендов.

Во 2012 година во Индија во сообраќајни несреќи загинале над 140 илјади луѓе, или по 16 луѓе на секој час. Лошите патишта, неприлагодената брзина и недостатокот на сообраќајна култура се главни причини за големиот број несреќи.