1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Австријците доминантни на „Новогодишната турнеја четири скокалници“

Јубилејната 60-та „Новогодишна турнеја четири скокалници“ заврши со убедлива победа на Австријците, кои ги освоија првите три места во генералниот пласман. Победник на турнејата е извонредниот Грегор Шлиренцауер.

default

Тројцата Австријци на првите три места на турнејата - Моргенштерн (л.), победникот Шлиренцауер (во средина) и Кофлер (д.)

Со победата на австрискиот ски-скокач Грегор Шрилецауер на 60-та „Новогодишната турнеја четири скокалници“ за 2012 година, Австрија се доближи до првите две водечки нации на вечната листа. Австрија имено, сега има 13 победи на можеби најпрестижното натпреварување во скијачки скокови, додека Финска и Германија и натаму имаат по шеснаесет. Во 16-те победи на Германија се вклучени и оние кои ги оствариле ски-скокачите од Германската Демократска Република.

Моргенштерн победник на последната скокалница во Бишофсхофен

Skispringen Vierschanzentournee 2012 Gregor Schlierenzauer

Грегор Шлиренцауер

Неприкосновен на вечната листа на ски-скокачи со најмногу освоени турнеи е Финецот Јане Ахонен, кој последниот од вкупно петте триумфи го оствари во 2008 година. На второто место е Германецот Јенс Вајслог, кој во 1996 година ја освои четвтртата титула.

Инаку, вчерашниот натпреварувачки дел на последната четврта скокалница во австрискиот Бишофсхофен беше прекинат по само една серија скокови поради лошите временски услови.

За победник беше прогласен Томас Моргенштерн од Австрија, втор беше Андреас Бардал од Норвешка, а Шрилецауер заврши како трет,

За победата на Шриленцауер многу влијаеше и лошиот резултат на водечкиот во Светскиот куп, сонародникот Андреас Кофлер, кој по првата серија беше дури на 27-то место.

Победникот од Бишофсхофен, Моргенштен во конкуренција на „Новогодишната турнеја“ заврши како втор, а трет беше Кофлер. За Шрилецауер ова е прв триумф на „Новогодишната турнеја четири скокалници“.

Автор:СН/ЕМФ/дпа/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

-