1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Австрија не сака да биде „црна овца“

Австрија е единствена држава во ЕУ која се‘ уште го блокира автоматското проследување банкарски податоци. Сега австриската влада сака да преговара со ЕУ околу оваа тема.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман од редовите на социјалдемократите и вицеканцеларот Михаел Шпинделeгер од конзервативната Народна партија во заедничка изјава нагласуваат дека се отворени за преговори околу автоматска размена на информации за банкарски влогови подложни на оданочување на граѓани од другите земји на ЕУ. „Во никој случај немаме интерес да се создаде впечаток во меѓународни рамки дека Австрија е заштитник на даночните затајувачи“, се вели во изјавата од Виена.

Податоците на австриските штедачи остануваат табу

Сепак, австрискиот канцелар и неговиот заменик подвлекуваат дека ништо нема да се менува во банкарската тајна за домашните штедачи. Освен тоа, со преговорите на ниво на ЕУ нема да биде погоден ниту австрискиот договор со Швајцарија и Лихтенштајн.

Dublin EU-Finanzminister Österreich Fekter

Марија Фектер, австриска мниистерка за финансии

Австрија е единствена држава на ЕУ која се‘ уште се противи на автоматско проследување на даночни податоци и со тоа на олабавување на банкарската тајна. Министерката за финансии Марија Фектер на средината на април изјави дека нејзината влада „ќе се бори за банкарската тајна“. Поради ваквиот став Австрија во изминатите недели беше предмет на жестоки критики.

Дебатата за банкарската тајна повторно се разгоре со откритијата за бизниси со офшор-фирми и складирање пари во таканаречените даночни оази ширум светот. За оваа тема треба да се разговара на самитот на ЕУ во мај.

Поврзана содржина