1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Австрија и Турција во Советот за безбедност

Советот за безбедност на ОН има пет нови непостојани земји членки - Австрија и Турција, Јапонија, Уганда и Мексико, oд 1 јануари 2009 година ќе бидат дел од Совет. Новите членки ги избра Генералното собрание на ОН.

default

Генералното собрание на ОН

За едно од двете европски места во Советот за безбедност, покрај Австрија и Турција за првпат се кандидираше и Исланд. Поради лошата финансиска состојба во земјата, повеќето делегати на Генералното собрание се одлучија за другите кандидати. Исланд доби 87 гласови, потребни беа 128. Турција, последен пат беше дел од највисокото тело на Светската организација пред речиси 50 години. Во кандидатура Турција наведе, дека со својата географска и политичка позиција претставува мост меѓу истокот и западот. Пособено САД го поздравија изборот на нивниот долгогодишен сојузник, Турција, за непостојана земја членка во Советот за безбедност

Од азиските држави покрај Јапонија, во работата на Советот за безбедност сакаше да учествува и Иран. Но спорната атомска програма на земјата, беше причината зошто многу дипломати се одлучија против кандидатурата. Земјата доби само 23 гласа. Африканскиот континент наредните две години ќе го претставува Уганда, а Латинска Америка, Мексико.

Секоја земја во Генералното собрание на ОН има еден глас и иста тежина. Во изборот на непостојаните земји членки во Советот за безбедност учествуваа сите 192 земји. Американскиот амбасадор во ОН Алеандро Вулф истакна „Сите земји членки на ОН беа присутни и гласаа. Тоа не се случува често, и покажува дека на земјите им е важно кој ќе биде избран во Советот за безбедност - тело кое треба да придонесе за мирот и стабилноста во светот.“

Од десетте непостојани места во Советот за безбедност секоја година се доделуваат пет места. Непостојаните земји членки учествуваат во работата на Советот две години. Кина, Русја, Франција, Велика Британија и САД се постојани земји членки.