1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Австралија пред смена на власта

Австралија, по парламентарните избори е исправена пред промена на власта. Според резултатите од изборите, опозиционата Лабуристичка партија и нејзиниот врвен кандидат, Кевин Руд, оствариле убедлива победа на изборите одржани во саботата. 50 годишниот поранешен дипломат изјави дека како иден шеф на владата и натаму ќе се залага за тесна соработка со САД. Руд по телефонскиот разговор со американскиот претседател, Џорџ Буш, изјави дека има намера да отпатува во САД веќе наредната година. Инаку, Руд, за време на изборната кампања вети дека ќе ги повлече австралиските војници од Ирак. Дали со Буш веќе разговарал за тој проблем, Руд не сакаше да соопшти. Конзервативецот, Џон Хауард, кој беше премиер 11 години, по поразот на неговата Либерална партија на изборите, соопшти дека ќе се повлече целосно од политиката.