1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Австралија не сака веќе бегалци

Австралискиот премиер Кевин Рад пресече - сите бегалци што по вода ќе стигнат во неговата земја, веднаш ќе бидат транспортирани кон Папуа Нова Гвинеја. Таков е договорот меѓу двете влади.

Бегалците кои по морски пат, без дозвола за патување ќе стигнат на австралиска територија, веќе нема да смеат да останат таму, туку ќе бидат пренесени во сиромашната соседна држава Папуа Нова Гвинеја. Тоа го предвидува новиот договор, што австралискиот премиер Кевин Рад и неговиот колега Питер О‘Нил од островската земја го потпишаа во Бризбеин.

Барателите на азил, кои ќе пристигнат на Божиќниот остров, кои припаѓа на Австралија, ќе бидат пренесени во собирниот логор Манус Ајленд во Папуа Гвинеја.

„Ако ним навистина им биде признат статусот на бегалци, ќе бидат населени во Папуа Нова Гвинеја“, изјави Рад.

Australien Papua Neuguinea Kevin Rudd Peter O`Neill Flüchtlinge

Кевин Рад и Питер О‘ Нил

Одвраќање на бранот луѓе

Со оваа мерка се цели на ограничување на растечкиот број на т.н. економски бегалци, кои кон Австралија се упатуваат најчесто од Индонезија по исклучително опасен пат. Освен тоа, на Австралија и‘ е доволно веќе од шверцерите со луѓе, кои ги искористуваат барателите на азил, за подоцна тие да се удават во морето, истакнува Рад.

Божиќниот остров за барателите на азил е првата можност да стапнат на австралиско тло. Тој се наоѓа 1500 километри од австралиското копно и е 350 километри оддалечен од Индонезија. На опасниот морски пат од Индонезија кон Австралија во минатото веќе доживеаја бродолом и се удавија стотици илегални доселеници.

Трагедии на отворено море

Пред само два дена во Индискиот Океан се удавија четворица патници на бегалски рибарски чамец кој се преврти на околу 130 километри пред брегот на Божиќниот остров, а 114 луѓе беа спасени.

Од почетокот на годината во Австралија пристигнаа повеќе од 15 илјади бегалци. Над една третина потекнуваат од Иран, а втора по големина група се оние од Шри Ланка.

Односот кон бегалците е важна тема во предизборната борба пред претстојните парламентарни избори во септември. Според анкетите, владејачката Лабуристичка партија на Кевин Рад има големо заостанување.