1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Австралија ги призна Абориџините како домородци

Цели 225 години по доселувањето на белците, Австралија првпат официјално призна дека на континентот претходно веќе живеело домородно население.

Парламентот во Канбера денеска (13.02) донесе закон со кој Абориџините се признаваат како население кое прво живеело на петтиот континент. Со законот се отвора патот за одржување референдум за промена на Уставот, со кој домородците на Австралија би добиле специјален статус.

Со промена на Уставот би можеле да се излечат раните кои „до денес се отворени во срцето на нашата историја“, изјави премиерката на Австралија Џулија Гилард. Лидерот на опозицијата Тони Ебот рече дека во иднината треба да се чекори „како единствен народ“.

Референдумот е планиран за наредната година. Велика Британија првите белци за Австралија ги испрати во 1788 година. Станувало збор за колонија злосторници протерани од татковината. Во 2008 година, тогашниот премиер Кевин Рад првпат во историјата им се извини на домородците поради дискриминација. Тој пред се‘ ја критикуваше програмата за асимилација која траела со векови, се‘ до 1970-тите.

Околу половина милион од вкупно 22 милиони жители на Австралија денес се нарекуваат себеси Абориџини.