1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Аврамопулос: Решение за името е од витално значење

Конечно решавање на прашањето за името е една од најважните цели на нашата надворешна политика и е од витално значење за Грција, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика рече дека „на Грција и‘ е потребен веродостоен соговорник и партнер за решавање на ова прашање“ и оти Атина е за продолжување на преговорите под покровителство на ОН.

Подоцна, одговарајќи на прашања од членовите на Комитетот, тој рече дека Грција е за ефективни средби со македонските власти. Аврамопулос додаде дека „со години наназад грчките власти имале средби со властите во Скопје, но досега нема решение“.

Шефот на грчката дипломатија следната недела на маргините на Генералното собрание на ОН ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и со медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, со кои ќе разговара за напорите што се прават за решавање на проблемот околу името.

Весникот „То Вима“ денеска (19.09) пишува дека во Атина има „посебна раздвиженост“ пред објавување на извештајот на Европската комисија за Македонија. Весникот наведува дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој беше во посета на Македонија и во октомври се очекува да дојде во Атина, поддржува почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ. „Во исто време, не е исклучено во текстот на извештајот да стои ’Македонски јазик’“, заклучува „То Вима“.

Поврзана содржина