1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Аврамопулос е воздржан околу преговорите за името

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос е воздржан во пресрет на новата рунда разговори околу името под покровителство на ОН поради „политичката криза и изборите во Скопје“.

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос во интервју за „Катимерини“, пред новата рунда разговори за имети вели:  „Политичката криза и изборите во Скопје не‘ тераат да бидеме воздржани. Кризата го потврди тоа што го зборувавме кога беше објавен извештајот на Европската комисија во октомври: опасно е проблемите да се кријат под тепих.“

Според Аврамопулос, „за функционална демократија според стандардите на ЕУ не е доволно само да се усвојат закони кои остануваат на хартија, туку реформите мора да бидат спроведени во пракса“.

Грчкиот министер тврди дека грчките власти сакаат „во соседната земја да преовладеат стабилноста и функционалниот демократски систем“.

Аврамопулос порача дека Грција со предложениот Меморандум за разбирање „покажала дека  сака и оти работи на решение“.

„Повеќето наши партнери го признаваат нашиот конструктивен став. Тоа, исто така, беше отсликано и во едногласната одлука на ЕУ во декември со која се повика на решавање на прашањето за името пред да се почнат преговори“, рече Аврамопулос во интервју за „Катимерини“.