1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Аврамопулос го информирал Бан Ки Мун за преговорите за името

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос на средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун разговарале за напредокот во преговорите за прашањето за името и позициите на Грција.

„Грција презеде значајни иницијативи во контекст на напорите за решавање на прашањето за името, како што е нашиот предлог за потпишување на меморандум за разбирање со Скопје, но не видовме одговор од другата страна“, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Њујорк.

„Се надеваме, и го мислиме тоа, дека во соседната земја наскоро ќе се создадат услови кои ќе доведат до поконструктивен став од страна на властите“, рече Аврамопулос.

Шефот на грчката дипломатија соопшти дека го информирал Бан Ки Мун за напредокот во преговорите за прашањето за името и позициите на Грција, при што ја нагласил „силната посветеност на земјата да се направи напредок во напорите што ги вложува медијаторот Метју Нимиц во изминатите 20 години, кого Грција целосно го поддржува“.

Канцеларијата на генералниот секретар на ОН по средбата со Аврамопулос издаде кусо соопштение во кое се вели дека двајцата размениле мислења за состојбите во источниот Медитеран и се фокусирале на можностите за обновување на реговорите за изнаоѓање сеопфатно решение во Кипар и за решавање на грчко-македонскиот спор за името.

„Генералниот секретар ја истакна важноста од забрзување на напредокот во двата процеси и ја повтори неговата лична посветеност за  таа цел“, се вели во соопштението од ОН.