1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авион падна во море, спасени сите патници

Авион со над сто патници се урна во морето кај островот Бали. Според досега расположливите инфoрмации, сите патници се спасени.

Авионот ја поминал пистата на островот Бали и завршил во морето. Патниците, околу 130 на број, се спасени. Портпарол на аеродромот на Бали за порталот Детик.ком изјави дека дел од патниците имаат лесни повреди. Шефот на полицијата на Бали, Ариф Вахијунади, за локалната телевизија ТВ Уан, изјави дека патниците и членовите на екипажот се евакуирани и пренесени во аеродромската зграда. Причината за несреќата засега е непозната, изјави Вахијунади.

На фотографиите кои се појавија на социјалната мрежа Твитер од авионот на индонезиската компанија за евтини летови Лајон Ер, може да се види дека тој е во водата на само неколку метри од брегот. Трупот на авионо изгледа свиткан, а водата е полна со жолти елеци за спасување.