1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авионска несреќа во Пакистан-нема преживеани

Патнички авион со 152 патници и членови на екипажот се урна утрово во ридовите околу пакистанскиот главен град Исламабад. Во несреќата нема преживеани.

default

Местото на несреќата во близина на Исламабад

Првичните сознанија укажуваат дека авионот од типот „Ербас“ се урнал поради лошите временски услови кои довеле до слаба видливост. Леталото се урнало на рид во непосредна близина на Исламабад, во густа шума. Поради непристапниот терен отежната е работата на спасувачките екипи, а до местото на несреќата, поради намалената видливост, тешко стигнуваат и хеликоптерите.

Авионот патувал на релација Карачи-Исламабад со 144 патници и 8 членови на екипажот. „Видов голема пепелна топка и оган насекаде, а огромни парчиња од авионот се тркалаа по ридот“, изјави еден очевидец на несреќата.

Иако првичните информации велеа дека петмина патници ја преживеале несреќата, подоцна пакистанските официјални претставници ги демантираа ваквите наводи. Членови на семејствата на најголемиот дел од настраданите кои ги очекувале своите најблиски на аеродромот во Исламабад се во шок.

Pakistan Flugzeug Absturz - Angehörige

Семејствата на загинатите во шок по несреќата

Повеќе извори од спасувачките екипи потврдуваат дека досега успеале да пронајдат само делови од телата на загинатите. Пакистанската влада за денеска прогласи ден на национална жалост и ја откажа закажаната редовна седница.

Најголемата авионска несреќа на пакистанско летало се случи во 1992 година, кога патнички авион, исто така од типот „Ербас“ се урна на слетување во непалскиот главен град Катманду. Тогаш загинаа 167 луѓе.

Компанијата „Ерблу“, чиј авион се урна денеска, во својата флота има нови авиони, и важи за една од најдобрите и најсигурните авио-компании во земјата.

Автор: БГ/ ТТ/ афп

Редактор: Александра Трајковска