1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авионска несреќа во Непал

Деветнаесет луѓе загинаа при пад на авион во Непал. Ова е втора авионска несреќа во кратко време, претходно во мај таму се урна авион.

Сите 19 патници и членови на екипажот загинаа денеска при пад на авион во близина на непалскиот главен град Катманду, соопшти локалната полиција.

Според полицијата, седуммина од загинатите се Британци, петмина Кинези, а останатите седуммина, вклучително и тројцата членови на екипажот, биле Непалци.

Авионот на непалската компанија „Сита Ер“ летал на релација од Катманду кон Лукла, град во подножјето на Монт Еверест кој е популарна туристичка дестинација.

Според контролата на летање на аеродормот во Катманду, најверојатна причина за несреќата е пожар во кабината на авионот, но не исклуичена ни можноста леталото да се судрило со јато птици при полетувањето.