1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – хеликоптер на НАТО

Седум војници на НАТО го загубија животот во уривањето на воен хеликоптер на југот на Авганистан. Станува збор за хеликоптер на американските сили во составот на ИСАФ, кои изминативе денови водат жестоки борби со талибанските бунтовници во покраината Хелманд. Во извештаи на дописниците се вели дека хеликоптерот бил погоден од граната, за што нема официјална потврда. Талибанците објавија дека нивни сили го собориле американскиот хеликоптер.