1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан - Северна Кореја – заложници

*

Талибанците почнаа со ослободување на 19-темина јужнокорејски заложници во Авганистан. На Црвениот крст му се предадени три жени. Според изјави на Талибанците, во наредните денови треба да бидат ослободени осум киднапирани Јужнокорејци. Во замена за ослободување, Јужна Кореја се согласи да ги повлече нејзините 200 војници од Авганистан, како што беше планирано, до крајот на годината и ќе запре секаков вид мисионерска работа во Авганистан.

Досега, Талибанците од групата 23-ца киднапирани Јужнокорејци убија двајца заложници и ослободија две жени. Талибанците поставија барање не само за повлекување на јужнокорејските војници, туку и ослободување на затворените Талибанци. Авганистанските власти тоа го отфрлија.