1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан-Повредени германски војници

*

Еден до тројцата германски војници кои беа повредени во завчерашниот самоубиствен бомбашки напад во градот Кундус во Авганистан е потешко повреден отколку што досега се мислеше. Бундесверот ги потврди информациите дека поради сериозноста на повредите војникот морал да биде итно опериран но се наоѓа вон животна опасност. Во меѓувреме радикалните талибански борци ја презедоа одговорноста за последниот самоубиствен напад што се случи вчера во Кабул и во кој вчера загинаа еден американски војник и неколку авганистански цивили . Според податоците на американската армија бомбашот се разнел себеси во близина на еден конвој кој патувал на една прометна улица во близина на меѓународниот аеродром на Кабул . Во авганистанската провинција Кност пак двајца авганистански полицајци загинаа откако нивното возило налета на мина .