1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан-Ослободена киднапираната Германка

*

Авганистанската полиција ја ослободи 31 годишната Германка која во саботата беше киднапирана во Кабул. Притоа биле уапсени и четворица осомничени грабнувачи. Германското министерство за надворешни работи соопшти дека таа во моментов се наоѓа под заштита во германската амбасада во Кабул. Според наодите на авганистанскиот министерство за внатрешни работи уапсен е и организаторот на убиството на двајцата новинари на Дојче Веле кое се случи во октомври минатата година во северен Авганистан . Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер им се заблагодари на авганистанските власти за добрата соработка при ослободувањето на Германката .