1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авганистан од 2014 - сам?

Конференцијата за Авганистан во Кабул ја одобри целта на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, до 2014 година да ја предаде одговорноста за безбедноста во земјата на сопствените безбедносни сили.

default

Конференцијата во Авганистан е важен сигнал за земјата

Со децениии во Авганистан немало толку голема меѓународна конференција. Авганистанската телевизија исклучителниот настан го пренесуваше директно. За судбината на Авганистан за првпат се расправа во самата земја. Важен сигнал, смета претседателот Хамид Карзаи. Тој во уводното обраќање пред високите делегации од повеќе од 70 земји, седумчасовната средба ја нарече пресвртница за Авганистан и важен чeкор за продлабочување на меѓународното партнерство: „Имаме единствена можност за да направиме ефикасна авганистанската држава со користење на нашиот национален консензус, нашите ресурси, нашата национална волја и нашите меѓународни партнерства, за да ги издигнеме луѓето од сиромаштијата кон просперитет и од несигурноста кон стабилност“, истакна Карзаи.

Конференцијата претставува „значаен патоказ“

Internationale Afghanistan Konferenz 20.07.2010 Westerwelle

Германскиот министер Гидо Вестервеле и првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон на пат за Кабул

Германија на конференцијата беше претставена од министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле. Тој конференцијата во Кабул ја нарече „значаен патоказ“, и рече дека е многу задоволен со постигнатите резултати. Во Авганистан допатуваа и Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, како и шефицата на американската дипломатија Хилари Клинтон. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, но и министрите за надворешни работи на Шведска и Данска пристигнаа со задоцнување на конференцијата поради ракетниот напад врз аеродромот во Кабул. Главниот град на Авганистан беше блокиран со голема безбедносна операција во која беа вклучени илјадници авганистански и НАТО-војници, кои требаше да одвратат каков било напад на талибанските бунтовници.

Говорејќи на конференцијата, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен порача дека Алијансата нема никогаш да дозволи талибанците со сила да ја соборат избраната влада во земјата и Ал Каеда да има безбедно прибежиште во Авганистан. Расмусен уште истакна дека НАТО ќе остане во Авганистан да ги поддржува домашните воени сили и откако тие ќе ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата. Тоа треба да се случи до 2014 година, стои запишано во нацрт заклучоците од конференцијата. Расмусен, меѓутоа, прецизира: „Говориме за постепен процес, во кој ќе ја предаваме главната одговорност на Авганистанците доколку дозволуваат условите. Зборот услов е многу важен, бидејќи овој процес мора да биде заснован на условите, а не на календарот.“

Поддршка за авганистанската влада

Ban Ki Moon in Afghanistan

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Авганистан

ООН од претседателот Карзаи и неговата влада очекуваат „конкретен план за акција“, на пример за подобрување на безбедносната состојба. Карзаи притоа мора да прикаже - каков ќе биде неговиот придонес за справувањето со корупцијата и процесот на смирување. На денешната конференција Бан изјави:

„Ова е мојата порака до луѓето на Авганистан: Премногу долго страдавте за да се обедините според меѓународните интереси. Обединетити нации и јас лично ќе сториме се‘ што можеме, за да ви помогнеме да изградите посветла иднина за вас и вашите деца. Господа, министри, луѓето од Авганистан ќе го изградат своето мислење врз основа на нашите постапки, не на нашите зборови. Оваа конференција не треба да ги оцени или проверува нашите стратегии. Тука сме да ја поддржиме владата на Авганистан и приоритетите да се повтори нашето ветување дека долгорочно ќе се залагаме.“

Министерката за надворешни работи на САД, Хилари Клинтон на конференцијата исто така изјави:

„Нон-стоп работиме на зајакнување на безбедносните сили во Авганистан. Со нашите партнери од Авганистан сме во офанзива во делови на земјата каде немирите траеја долго без да се реагира, и ги усогласуваме нашите воени напори со неочекувано големата потреба кај граѓаните за помош во создавањето посилни институции и економски развој.“

Автор: ЈМЈ/БГ/дпа/афп/ртр/ббц

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM