1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – Корејци

*

Шест недели по почетокот на заложничката драма во Авганистан, Талибанците ослободија 12 од 19-те јужнокорејски заложници. Се очекува останатите седум заложници да бидат ослободени наскоро. За возврат владата во Сеул се согласи да ги повлече нејзините 200 војници од Авганистан, како што беше и планирано, до крајот на годината и да не испраќа мисионери во Авганистан. Претседателот на Јужна Кореја, Ро Мо Хиун изјави дека договорот со Талибанците е флексибилна реакција во рамки на основните насоки на меѓународната заедница. Германската влада и по ослободувањето на заложниците од Јужна Кореја не гледа причина за промена на стратегијата во напорите за ослободување на германскиот инженер кој е во раце на Талибанците.