1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авганистан и меѓународната заедница да развијат заедничка стратегија

Втората Бонска конференција за Авганистан заврши. Конкретни предлози како би можела да се подобри очајната состојба земјата под Хиндукуш немаше. Сепак, конференцијата беше од огромна важност.

default

Можеби препишувале едни од други. Имено, говорите на врвните политичари на Бонската конференција за иднината на Авганистан во дел беа идентични: „ Ние нема да ги оставиме сами на себе луѓето во Авганистан“. Едногласно тие бараа од авганистанската влада со сите групи во земјата да води мировни преговори. Се мислеше пред се’ на талибанците. Но, тие не беа присутни во Бон. Дали не сакаа да дојдат или пак не биле поканети, во ниеден момент не беше разјаснето.

Германската влада како домаќин увери дека Авганистан и по 2014 година нема да го остави на цедило. Кога за околу три години сите странски борбени трупи ќе ја напуштат земјата под Хиндукуш, меѓународната заедница и натаму ќе му дава поддршка на Авганистан. Германската помош , според канцеларката Меркел, уште позасилено од досега ќе биде концентрирана на обуката на безбедносните сили и на обновата.

111027-Shamel-330-244.jpg

Ратбил Шамел, автор на коментарот

Но, зошто беа потребни олку широкогради ветувања? На луѓето во Авганистан очигледно требаше да им се пренесе чувството дека овојпат навистина нема да бидат оставени сами. Пред околу една година западните влади најавија , веројатно од изборно-тактички причини, дека воената мисија во Авганистан ќе заврши во 2014 години. Оваа порака во многу делови на авганистанското население предизвика вистинска паника. Таа ги обнови сеќавањата на 90-те години. Тогаш, по повлекувањето на Црвената армија, земјата потона во крвава граѓанска војна. Луѓето сега стравуваат дека вакуумот на моќ кој ќе настане би можел да води до слични катастрофални последици.

Плановите за повлекување мора да им бидат објаснети на Авганистанците. Но тоа изостанува. Многу Авганистанци се прашуваат дали не е подобро уште сега да се прилагодат на Талибанците зашто тие според сите изгледи најдоцна по 2014 година повторно ќе припаѓаат кон моќните во земјата.

Ваквите грижи Западот ги сфати, иако можеби предоцна. Бонската конференција за Авганистан требаше повторно да ја поврати загубената доверба. Тоа во еден дел и успеа.

Имено, Авганистанците сега можат и натаму да имаат малку надеж. Меѓународната заедница јасно истакна дека до 2024 година има намера да стои на страната на Авганистан и да ги поддржува мировниот и процесот на помирување во земјата. По зборовите сега мора да следуваат дела, со цел животот во Авганистан навистина да се подобри. Само ако полицијата биде зајакната, може да се подобри безбедносната ситуација. Потребна е решителна борба против корупцијата. И конечно, образованието треба да биде достапно за сите. За да се постигне ова, Авганистанците и меѓународната заедница мора да развијат заедничка стратегија. Конференцијата за Авганистан во Бон беше првиот чекор на овој долг пат.

Автор на коментарот: Ратбил Шамел

Превод: Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска