1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – заложници

*

Владата на Јужна Кореја и натаму чека вест околу ветеното од страна на Талибанците, ослободување на киднапираните 19 граѓани на Јужна Кореја во Авганистан. Министерството за надворешни работи во Сеул соопшти дека досега нема нов развој на ситуацијата. Јужнокорејската влада и Талибанците вчера соопштија дека претставниците на двете страни на прегвоорите во градот Гасни постигнале согласност за завршување на заложничката драма. Преговарач на Талибанците изјави дека заложниците би требало да бидат ослободени во наредните денови. Досега, Талибанците од групата 23-ца киднапирани Јужнокорејци убија двајца заложници и ослободија две жени.