1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авганистан е исправен пред предизвик

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, ден пред изборите во Авганистан, ги повика граѓаните на таа земја да излезат на гласање, со што ќе се зајакнат демократските институции и ќе се внесе нова сила во политичкиот живот.

default

Бунтовниците во Авганистан се обидуваат со сите средства да го попречат изборниот процес и притоа не го поштедија ниту главниот град Кабул. Вчера (18.08.2009) непознати лица го гаѓаа главниот град со ракети, а нешто потоа атентатор-самоубиец се крена во воздух во источниот дел на градот. Командантот на меѓународните заштитини сили ИСАФ, Стенли Меккристал, изјави:

„Изборите претстојат, а атентаторите-самоубијци за цел ги имаат луѓето кои се обидуваат да ги овозможат овие избори. Тие ги напаѓаат и авганистанските цивили кои треба да гласаат. Тоа се несфатливи постапки насочени против иднината на Авганистан.“

Меккристал, во интервју дадено за германските новинари, негираше дека кога било рекол оти Талибанците имаат главен збор во Авганистан, но призна дека влијанието на екстремистите се зголемило и дека тие се оние кои во моментов имаат иницијатива:

„Состојбата е сериозна, отпорот е проширен, како во географска смисла, така и што се однесува до јачината на насилството. Истовремено, зголемени се и можностите на авганистанската влада, но што се однесува до суверенитетот на Авганистан, исправени сме пред вистински предизвик.“

Flash-Galerie Wahlen in Afghanistan 2009

Американски војници во Авганистан

И северот на земјата не е поштеден

И во регионот каде што оперираат германските војници, на север, во изминатите недели стана значително поопасно, пред се‘ во Кундус. Шефот на ИСАФ, меѓутоа, не би констатирал дека Талибанците ја контролираат провинцијата:

„Кундус е регион во којшто има активности на бунтовниците и насилство. Тоа е регион на којшто му се потребни повеќе сили за безбедност, поголема обнова и повеќе работа од страна на владата. Но, тоа не е регион што е контролиран од страна на Талибанците.“

Меккристал вети дека бунтовниците ќе бидат совладани. Според неговото убедување, изборите би можеле да се одржат во најголемиот дел од земјата.

Автор: Кистнер Каи / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска