Авганистан -експлозија на бомба | Вести | DW | 26.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан -експлозија на бомба

*

Бомба поставена на улица во авганистанскиот главен град утринава разнесе едно возило , убивајќи ги притоа четворицата патници, сите авганистански цивили. Бомбата била детонирана со далечински управувач - соопштија властите во Кабул. Сеуште никој не ја има преземено одговорноста за експлозијата .Инаку во саботата бомбаш самоубиец се разнесе себеси меѓу италијанските воени инжинери кои работеа на санацијата на еден пешачки мост во градот Пагман 25 километри од Кабул . Еден италијански војник и осуммина Авганистанци , меѓу кои и деца загинаа во нападот за кој одговорноста ја презедоа Талибанците