1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – грабнати Германци

*

Радикално-исламските Талибанци денеска ја презедоа одговорноста за грабнувањето на двајца Германци и група од околу 20-мина Јужнокорејци. Во замена за ослободување на киднапираните Германци, грабнувачите бараат повлекување на германската армија од Авганистан и ослободување на затворените Талибанци. Според информации на министерството за надворешни работи во Берлин, грабнатите Германци се соработници на фирма со седиште во Кабул. Групата луѓе од Јужна Кореја, меѓу кои има и жени, беше грабната кога нејзиниот автобус бил на пат во провинцијата Гасни, јужно од Кабул.