1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авганистан го спасува само нова стратегија

Откако тајни документи на Пентагон пред неколку дена се појавија на Викиликс, довербата на американските граѓани во политиката кон Авганистан драстично опаѓа. Експертите бараат нова стратегија за војната на Хиндукуш.

default

Стив Кол е една од личностите која во последно време е многу цитирана. Кол е новинар, кој долго време работел како дописник од јужна Азија, а во меѓувреме е раководител на тинк-тенк фондацијата „Њу Америка“. Во американскиот весник „Њу репаблик“ тој се залага за промена на курсот. Угледниот новинар бара формирање на сојуз од регионални сили во северен и западен Авганистан, кој ќе се бори со талибанците. Кол не ја поддржува идејата за преговори со талибанците, без оглед колку и да се умерени. Во вакви услови, американските трупи ќе можат постепено да се повлекуваат, меѓутоа во вонредни случаи, ќе можат повторно да извршуваат напади. Сепак, критичарите на Кол од американската влада укажуваат на фактот што на овој начин владата во Кабул влегува во опасност повторно да се претвори во заложник на регионалните воени лордови.

Авганистан да се подели

Taliban, Archivbild

Кој пат да се одбере во борбата со талибанците?

За Роберт Блеквил, предлогот на Кол не е сеопфатен. Експертот по безбедносни прашања, кој им служел и на Буш постариот и на Буш помладиот, предлага многу порадикално решение: Авганистан, според Блеквил, мора да биде поделен. Американските и останатите меѓународни трупи ќе можат да останат во северот и западот на земјата и воено да ги контролираат. Југот, каде Паштуните претставуваат етничко мнозинство, ќе им биде препуштен на талибанците. Според Блеквил ова е единственото решение, кое во моментов би можело реално да се постигне. Според него, ова нема да има никакви последици по територијалниот интегритет на Пакистан. Сепак, Блеквил за „Фајненшл тајмс“ истакна дека ваквиот резултат - по деветгодишна војна - би бил големо разочарување за Вашингтон.

Концентрирање на регионалните сили

Afghanistan Land und Leute Kinder mit Säcke in Herat

Многумина сметаат дека војната во Авганистан е изгубена

Ричард Хас, пак, кој исто така работел за двајцата претседатели од семејството Буш, се залага за средно решение. Тој ја одбива идејата за независен „Паштунистан“. Вакво нешто во Авганистан не може да се спроведе, смета Хас. Како што пишува за „Њусвик“, Вашингтон треба да се откаже од сите напори за засилување на авганистанската армија и полиција. Наместо тоа, Обама треба да се концентрира на регионалните сили, кои исто така се против Ал Каеда. Во вакви рамки би имало простор за преговори со талибанците, кои би биле подготвени да ги прифатат условите. Американските сили би останале во Авганистан, предлага Хас, за да ги поддржуваат регионалните сили онаму каде што ќе се укаже потреба. Бројот на трупите потребни во земјата значително ќе се намали, иако мора да се смета на уште долгогодишни борби, верува Хас.

Најновите истражувања на јавното мислење во САД покажуваат дека поддршката за војната во Авганистан, која годишно голта по сто милијарди долари и голем број жртви, постојано се намалува. Мнозинството од испитаниците веруваат дека војната е веќе изгубена. А претседателот Барак Обама ќе мора многу наскоро да донесе став по ова прашање, бидејќи парламентарните избори во САД се закажани за ноември.

Автор: Лукас Грахам / Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска