1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – германски војници

Во самоубиствен атентат на северот на Авганистан животот го загубија најмалку девет лица, меѓу кои и тројца германски војници. Уште повеќе од 20 лица се повредени. Претставници на сите германски партии изразија загриженост поради атентатот и нагласија дека тоа само ја покажува неопходноста од меѓународна поддршка за авганистанската влада.

НАТО најави промена на тактиката бидејќи досегашниот воен ангажман однесе премногу цивилни жртви. Тоа ја намалува довербата на авганистанското население кон странските војници.